Кој е наследникот на Чупиќ? Игра со Ончев и Лазаревски, сака да биде бродоградежник…

Еден од најдобрите во репрезентацијата на Хрватска во бараж двомечот со Финска беше десното крило Филип Главаш. 24-годишниот ракометар на Тримо Требње, може да се каже дека е вистински наследник на Иван Чупиќ кого го замени во изведувањето на седмерци и на неговата позиција.

Во кратко интервју за „Вечерњи лист“, Главаш зборуваше за почетоците на неговата кариера, како се снаоѓа во Требње каде што сограчи му се Ончев и Лазаревски, а исто така истакна дека една од најважните работи му е да заврши факултет.

„Започнав да тренирам пливање, но кога стасав до делфин стилот се откажав бидејќи беше претешко за мене. Со ракомет започнав со другарите со кои одев на училиште, започнав во клубот Козала каде што тренирав и играв. Потоа се запишав на факултет за бродоградежништво и не беше воопшто лесно да се учи и да се тренира. Требње е мал град, најчесто читам а се запишав и на дополнителни студии. Сакав да завршам факултет, важно ми е да имам диплома. Ме интересираат бродовите и верувам дека во иднина ќе се занимавам со тоа“, рече Главаш.

Филип Главаш беше исклучително ефикасен на двата дуели против Финска, на првиот кој Хрватска го играше на гостински терен постигна, осум гола доедка на реваншот беше стрелец на шест погодоци. Со ова тој се наметнува како одлична замена за Чупиќ во репрезентацијата на десно крило.