Корона го избрка од клубот

Хрватскиот лев бек Стипе Мандалиниќ, во новата сезона нема да биде дел од тимот на Фуксе Берлин, иако имаше активен договор до следното лето.

Тој стана „лисица“ пред две сезони, откако се пресели во Берлин како најдобар стрелец на Загреб во Лигата на шампионите.

„Овoј раскин на договор е резултат на корона кризата. Ние не сме моќни да ја почнеме следната сезона со ваков ростер“, вели Боб Ханинг од берлинскиот клуб.

Првиот човек на „лисиците“ откри дека покрај Мандалиќ, ќе бидат раскинати договори и со други играчи што имаат високи примања.

Нови засилувања за тимот ќе биде Ласе Андерсон од Барселона и Мариан Михалчик од Минден.