Корона влезе и во Штутгарт – позитивен случај во тимот на Жарко Пешевски!

Пред завчерашниот натпревар против Ерланген, во тимот на Штутгарт беше откриен позитивен случај на коронавирус.

При стандардните неделни тестирања, беше објавено дека еден ракометар на тимот на Штутгарт е позитивен, па тест дуелот со Ерланген веднаш беше објавен.

Клубот на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски ги прекина тренинзите додека да добие насоки од властите.

Претстојниот викенд Штутгарт треба да игра БГВ Купот, но нејасно е дали ќе може да ги одигра тие натпревари.