КОНЕЧНО: Толедо повторно заигра за Вардар!

Бразилскиот десен бек Жозе Толедо, конечно се врати на ракометните терени и повторно (ќе) игра за македонскиот и европскиот шампион Вардар.

Тој дебитираше во „црвено-црниот“ тим на турнирот во Леотар на мечот со Борац Бања Лука на 9 август и оттогаш беше надвор од терените поради повреда.

Успешно ја мина рехабилитацијата која траеше подолго од очекувањата и доби шанса на пријателскиот натпревар против Металург.

Стратегот Стевче Алушовски би требало да смета сериозно на неговите услуги за средбите од СЕХА лигата и од Лигата на шампионите.