Кокшаров: Можеме да освоиме три бода за да ја исполниме целта за прво место

Вардар в понеделник го игра последниот меч на домашен терен во СЕХА лигата, а во СЦ „Јане Сандански“ ќе гостува екипата на Татран Прешов. Ракометарите на Вардар ќе се фаворити пред натпреварот и ова ќе им биде пресметка на кој се очекува да го потврдат првото место во Групата А.

Тренерот Кокшаров пред средбата со свое видување за она што може да се очекува в понеделник од 20:15 часот.

„Ја исполнивме целта и се пласиравме во четврт-финалето. Нашата цел беше и да бидеме први во групата. До крајот на групната фаза имаме уште две средби и потребно е да освоиме три бода и сметам дека можеме да го направиме тоа. Во моментов тоа е нашата цел и очекувам да ја исполниме“, рече Кокшаров.

Средбата против Татран е последна за оваа година за Вардар на домашен терен, а претпоследна во СЕХА со оглед на тоа што останува уште гостувањето кај тимот на Нексе.