Кои стрелци ја одбележаа сезоната во ЛШ – Дибиров, Остроушко, Деска…

Европската ракометна федерација ја објави листата на ракометари што го одбележаа регуларниот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Левото крило на Вардар – Тимур Дибиров и левиот бек на Еурофарм Пелистер – Владислав Остроушко, се меѓу седумте играчи кои оставија трага како најдобри стрелци во елитното натпреварување.

Остроушко, заедно со Себастиан Бартолд од данскиот Алборг и Алекс Душебаев од полскиот Келце, имаат постигнато по 65 голови, со таа разлика што Остроушко тоа го стори на 10 меча, а другите двајца нана 14 натпревари.

Дибиров е на четвртото место на стрелците со 69 голови, а шведското десно крило од Кил, Никлас Екберг има постигнато 70 погодоци, што е доволно за третото место.

Втор стрелец е Барис Пуховски од Мотор Запорожје со 74 голови, а прв стрелец во Лигата на шампионите по регуларниот дел е левото крило на Монпелје, Уго Деска, со 75 погодоци.