Клубовите добија рок од РФМ – мора да се пријават до 30 јуни за учество во лигите следната сезона

Ракометната федерација на Македонија на последната онлајн седница на Управниот Одбор пред десетина дена, донесе неколку одлуки.

Покрај веќе познатите за поништување на сезоната и прифаќање на предлогот за новиот систем на натпреварување следната сезона во Суперлигата, беше донесена одлука и за крајниот рок на пријавување на екипите.

30 јуни е последниот термин кога сите клубови треба да ги достават своите пријави во РФМ за натпреварување во сите конкуренции.

1 август пак е последниот рок за оние клубови што треба да ја завршат процедурата за трансформација во Акционерско Друштво.

Супер лигата ќе брои 16 екипи (14+2), додека во Првата лига би доколку има пријавено повеќе од 14 екипи, ќе се игра во две групи исто како и во елитната конкуренција.

Во Женската лига има најава за уште неколку нови екипи во сениорска конкуренција, но останува да видиме дали ќе се пријават.