Кире Лазаров и Нант се враќаат  на терен на 23 септември

После денешниот состанок на тимовите кои се натпреваруваат во најсилната лига на Франција падна одлука кога ќе почне новата сезона.

Одлуката е најсилната лига во Франција да стартува на 23 септември, а ова значи дека Кире Лазаров и Нант својот прв меч во новата сезона ќе го имаат во втората половина од деветтиот месец од годината. Шампионатот во Втората лига се очекува да стартува на 2 октомври.

Засега не е познато дали натпреварите ќе се играат пред полни или пред празни трибини. Тоа ќе се знае ред стартот на сезоната бидејќи никој не може да предвиди што ќе се случува со коронавирусот во иднина.

Поради тоа што во новата сезона ќе има поголем број на натпревари неизвесно е што ќе се случува со куп натпреварувањата. Постои можност некои од нив да бидат со намален број нас редби или да биде сменет форматот за да се олесни задачата на тимовите.