Кил си најде замена за повредениот Билик, носи играч на Порто

Шампионот на Германија пред стартот на новата сезона се соочи со проблеми откако репрезентативецот на Австрија, Никола Билик заработи повреда. Тој нема да биде во можност за да игра неколку месеци откако ги скина вкрстените лигаменти, па затоа во Кил мораа да најдат замена.

Според информациите кои се објавуваат од страна на локалните медиуми замената за Билик е пронајдена во тимот на Порто. Андре Гомеш е играчот кој би можел да се пресели во Кил и да биде засилување и да го потполни испразнетото место.

Со Гомеш тимот би добил играч кој ќе одговори на потребите и во нападот и во одбраната така што е за очекување да биде од голема помош за Филип Јиха доколку дојде до трансфер како што се најавува.