Кил најде наследник на Ландин

Еден од најдобрите светски голмани Никлас Ландин од летото 2023 година ќе го чува голот на Алборг во неговата Данска, па така Кил ќе мора да бара алтернатива. Во „Kieler Nachrichten“, веќе се споменува кој би можел да го замени.

Како еден од најсериозните кандидати за наследник на Ландин во Кил е соиграчот на Филип Миркуловски, голманот на Вецлар, Тим Климпке. Климпке брани одлично во Вецлар и важи за еден од најдобрите голмани во Бундеслигата, па се наметнува како можна опција за голот на Кил.

24-годишниот Климпке целата кариера е дел од Вецлар каде што ги помина младинските категории и дојде до првиот тим. Ако се случи да се пресели во Кил тоа би бил само негов втор клуб во кариерата.

Идеална замена за Ландин на Кил ќе му биде навистина тешко да најде, иако до неговото заминување има сосема доволно време, па останува да видиме на кого ќе падне изборот.