Кизиќ уште нема потпишано договор, но ќе остане во Вардар!

Младиот голман на Вардар, Марко Кизиќ, и во иднина ќе го носи дресот на се уште актуелниот европски првак.

Тој во понеделникот ги договорил повеќето детали околу продолжувањето на соработката со старо-новиот сопственик Михајло Михајловски, но договорот ќе биде потпишан во наредниот период.

Покрај Кизиќ, во Вардар останува и Борко Ристовски, но клубот веројатно ќе има уште еден голман за наредната сезона.

Летонецот Артурс Кугис, иако потпиша лани договор на две сезони, ќе има нова средина, а Алжирецот Калифа Гедбан ќе брани за Адемар Леон од следната сезона.

Претходно договорите со Вардар ги продолжија Марко Мишевски, Борко Ристовски, Стефан Крстевски и Давид Гашовски.