Келце не запира со засилувања – потпиша хрватскиот голман Местриќ

Полскиот шампион Келце не запира со ангажманот на нови ракометари, а последен во низата е хрватскиот голман Сандро Местриќ.

Чуварот на мрежата во моментов настапува за словенечкиот тим РИКО Рибница и потпиша договор со Келце од 2023 до 2027 година.

Станува збор за поранешен хрватски репрезентативец во младинските категории, со добри физички предиспозиции (200 цм, 110 кг).

Претходната сезона беше дел од францускиот Екс Ан Прованс, каде што замина од хрватскиот тим Вараждин.

Одличните партии во Рибница не останаа незабележани и Местриќ си обезбеди добар трансфер во полскиот првак.

Претходно Келце ги ангажираше Елиот Стенмалм, Сташ Скубе, Беноа Конку, Стефан Додиќ и Недим Ремили за следната сезона, додека покрај Местриќ од сезоната 2023/24 доаѓа и египетскиот бек Хасан Кадах.