Келце изби пред Вардар, Душебаев сам го среди Веспрем!

По поразот од Монпелје на домашен терен и победата над Мешков  Брест во Белорусија, ракометарите на Келце славеа над  големиот ривал Веспрем со 34-33. Во првиот дел најчесто се играше гол  за гол и двете екипи имаа свои моменти, особено во  нападот, па беа постигнати 34 голови, 17-17.

На стартот на второто полувреме, Келце предводен од Душебаев се  одлепи на 23-19, но Веспрем полека ја топеше  предноста и на десет минути до крајот беше 29-29. По 31-30, Кулеш погоди од голема далечина за плус два, а Ненадиќ не беше прецизен, па Душебаев беше прецизен за 33-30.

Тука не беше крајот на возбудувањата. Веспрем намали на 34-33 преку Гајиќ, а  останаат да се доиграат уште триесетина секунди. Домаќините ја задржаа топката до крајот и се израдуваа на голема победа.

Најдобри стрелци кај домашниот тим беа Душебаев со 11 погодоци и Каралек со пет, додека кај Веспрем се истакнаа Гајиќ со седум, како и Лауге и Тонесен со по пет. Келце сега има седум бодови на второто место пред Вардар, кој има шест на петтото место.