Кевиќ: Кај Вардар одиме полни со самодоверба

Денеска се игра четвртфиналниот дуел меѓу Вардар и Нексе по кој ќе биде познат третиот патник на завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар.

Средниот бек на хрватскиот вицепрвак, Јанко Кевиќ, вели дека неговиот тим полн со самодоверба доаѓа кај Вардар.

„Зад нас е одличен подготвителен период. Сега е време за четвртфиналната пресметка во СЕХА лигата, влегуваме во натпреварот полни со самодоверба дека можеме до место во Задар. Полека го фаќаме потребниот ритам, очигледно, невозможно е сè да функционира идеално на стартот, но работиме добро. Сакаме да го покажеме најдоброто од нас против Вардар. Можам да кажам дека дури се чувствува и позитивна трема“, изјави Кевиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.