Касим Каменица по долго време пак во Битола (ФОТО)

На натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во рамки на реванш дуелот од Лигата на Европа публиката во Битола има можност во салата Боро Чурлевски да види доста познати лица.

Еден од нив е поранешниот тренер на Пелистер, Касим Каменица кој во два наврати го водеше клубот. Првпат тоа беше во далечната 1985 па се до 1988, а повторно враќање босанскиот стратег имаше во 2016 година кога се задржа една година.

Каменица овој важен натпревар на кој двете екипи во кои претходно има работено се борат за пласман во четвртфиналето од Лигата на Европа го следи во живо во придружба на сопственикот на Нексе, Јосип Ерговиќ.