Карбеска и Илиева добија полуфинале во Лигата на Европа

Следиот викенд во Баја Маре во Романинја се игра финалето во Лигата на Европа во женска конкуренција, а на истото меѓу арбитрите се најдоа и најдобрите судијки од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева.

Веќе е познато делегирањето за полуфиналните пресметки, а таму Карбеска и Илиева ја добија својата задача и тие ќе ја делат правдата на второто полуфинале.

Судиската двојка од Македонија ќе го суди натпреварот меѓу Шиофок од Унгарија и Хернинг Икаст од Данска. На овој дуел делегати се Лидија Бојиќ-Чачиќ од Хрватска и Моника Хаген од Шведска.

Претходно на дуелот меѓу Нант и од Франција и Баја Маре од Романија (почеток во 15:45 часот) ќе судат Татјана Праштало и Весна Балван од БиХ, додека делегати се Људмила Бодниева од Русија и Тајана Медвед од Србија.

И на натпреварите за пласман дами ќе бидат меѓу официјалните лица. Сега се познати само судиите. Средбата за 3. место ќе ја судат Малгоржата Лидацка и Урсула Лесјак од Полска. Финалето е за Австријките Ана Врањеш и Марлис Венингер.