Капитенот Лазаров меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Двете најдобри македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер, одиграа пријателски натпревар пред предизвиците што ги чекаат во регионалната СЕХА лига и Лигата на шампионите.

Натпреварот беше од затворен тип, но во салата беа присутни повеќе ракометари, поранешни и сегашни, како и многу ракометни работници.

Меѓу нив беше и капитенот Кире Лазаров, кој се уште е во Македонија и не ја пропушти приликата да го проследи интересниот дуел.