Кадетките немоќни и против Португалија, постигнаа само 13 гола!

Женската кадетска репрезентација на Македонија го доживеа петтиот пораз на Европското првенство во Црна Гора.

Кадетките на Македонија во денешниот дуел со Португалија претрпеа убедлив пораз од 36:13.

По двата порази во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место, избраничките на Кристијан Грчевски ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место.

Македонија отвори исто како и на трите дуели од групната фаза, имаше негатива од 9:3 во воведните 15 минути и во остатокот од првиот дел беше тешко да се брка стекнатата предност на ривалот.

Португалија рутински го одигра последниот дел од првите 30 минити. Ракометарките на Грчевски се обидуваа да ја преполоват негативата, но во „црвено-жолтиот“ табор немаше ниту предводник во нападот, ниту организација во играта.

Предноста на Португалија на полувреме беше 14:8, додека во вториот дел, целосно се распадна играта на Македонија, која одвреме-навреме погодуваше во мрежата на ривалот.

Ракометарките на Португалија лесни ги казнуваа грешките на Македонија и во 40-та минута дојдоа до плус 14, 24:10. До крајот, македонската репрезентација постигна уште три, а прими 12 гола.

Најефикасни во Македонија со по три погодоци беа Ива Младеновска и Михаела Кралева.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!