Кадетите не успеаја против Хрватска, во трите периоди покуси за гол

Машката кадетска репрезентација на Македонија не успеа и во вториот меч денеска. Загуби од Хрватска со 18:21 во четвртиот натпревар на Медитеранските игри. Трите периоди завршија со идентични 6:7.

Во текот на целата средба кадетите беа во битка со противникот и имаа свои моменти. Сепак, не успеваа да се одржат во предност.

Првата третина мина во игра гол за гол. И двете селекции успеваа да покажат дека можат подобро, но и двете имаа и грешки. На крајот резултатот беше 6:7.

Во продолжение Македонија го сврте мечот во своја корист и имаше водство во 20. минута со 9:8. Сепак, кадеитте не издржаа и Хрватска одново дојде до предност, а после 30 минути негативата беше два гола, 12:14.

Потоа работите останаа во ист правец. И третиот период заврши со идентични 6:7 така што на крајот беше 18:21, а Македонија претрпе нов пораз.