Кадетите во прв, младинците во втор шешир пред ждрепката за ЕХФ шампионатите

Две машки репрезентации на Македонија – кадетската и младинската ќе бидат активни летово на ЕХФ шампионатите.

Кадетите ќе играат на ЕХФ шампионатот во Летонија, што ќе се одржи од 8 до 14 август во Рига, а пред ждрепката се наоѓаат во првиот шешир заедно со Русија.

Покрај овој во Летонија, ќе се одржат уште два ЕХФ шампионати во истиот период во Израел и Украина. Победниците обезбедуваат место на ЕП и СП, додека финалистите ќе играат квалификациите за истите настани.

ЕХФ шампионат, кадети, Летонија

шешир 1: Русија, Македонија
шешир 2: Швајцарија, Летонија
шешир 3: Турција, Луксембург
шешир 4: Косово, Белгија

Младинците ќе бидат активни на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија, што ќе се одржи од 14 до 23 јули, а пред ждрепката се наоѓаат во вториот шешир.

ЕХФ шампионат, младинци, Бугарија

шешир 1: Израел, Белорусија
шешир 2: Македонија, Швајцарија
шешир 3: Романија, Литванија
шешир 4: Грција, Украина
шешир 5: Луксембург, Косово
шешир 6: Велика Британија

Кадетите и младинците ривалите на ЕХФ шампионатите ќе ги дознаат на утрешната ждрепка со почток во 11:00 часот.