И тоа се случува: Судии на СП на сред натпревар беа заменети со други (ВИДЕО)

Репрезентациите на Франција и Иран денес се сретнаа во рамки од 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2023. Очекувано, лесна и убедлива победа остварија ,,триколорите", со резултат 41:29. Судиите од БиХ, Амар и Дино Коњичанин ја делеа правдата на дел од овој натпревар. Бидејќи еден од браќата Коњичанин не можеше да го доврши натпреварот поради проблеми со ногата, во текот на 13-та минута од дуелот тие мораа да бидат заменети, а натпреварот продолжи да го суди судискиот пар од Хрватска, Борис Милошевиќ и Матија Губица.