ИХФ се надева на Светско првенство со навивачи и покрај пандемијата

Во јануари 2021 година машкиот Мундијал ќе се одржи во Египет. И покрај пандемијата ИХФ се надева дека шампионатот ќе се одржи со навивачи на трибините, а организаторот ветува одличен настан.

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа за официјалниот сајт на СП истакна дека неопходно е да се преземат сите мерки на претпазливост за екипите и навивачите.

„Со оглед на моменталната здравствена ситуација, се надевам дека ќе бидеме во можност првенството да го одржиме со присуство на гледачи. Треба да се преземат сите мерки на претпазливост на играчите и навивачите. Се надевам дека Египет ќе биде светло на крајот од тунелот по пандемијата на коронавирус. И покрај пандемијата останувам оптимист за успешно првенство“, изјави Мустафа.

Луѓето од египетската ракометна федерација исто така се многу оптимистички расположени. Тие веруваат дека ќе имаат одличен турнир, а за да биде тоа така максимално се трудат да обезбедат перфектни услови за сите.

До сега се познати 30 учесници, а остануваат уште две празни места.