Историja за неготинци – славеа прва суперлигашка победа среде Куманово!

Ракометарите на Вардар Неготино ја прекинаа серијата порази во Суперлигата, откако на гостински терен славеа против составот на Куманово со 27-26, со хероjски пресврт во финишот.

Домашните отворија со водство од 4-1, а беше и 6-2, но неготинци се вратија во игра набрзина и намалија на 7-5. Клучниот чекор кон победата, Куманово го направи во финишот на првиот дел.

Избраниците на Димковски се одлепиja на плус седум, 12-5, а на пауза се замина со 15-9.

Беше 18-12, пред Ташев, Орешков и Кузманов да погодат за 18-15 во 40. минута. Домашниот тренер повтка таjм-аут, но и покраj неговите момци не модеа да погодат. За разлика од нив, неготинци со уште два гола го направиja мечот повозбудлив.

Имаа шанса и за реми, но не погодиja, па Миладиновски казни во контра за 19-17. На пет минути до краj, Вардар Неготино израмни на 23-23, а во последната минута се влезе со 26-26.

Ташев реализираще за 27-26, кумановци погрешиja, но истото го напрaвиja и гостите, па домашните изнудиja пенал во последната секунда. Искусниот Ангелов застана на голот, му одбрани на Петковски и неготинци ja прославиja победата.

Со по десет гола на оваа средба се истакнаа Вучко Мрвовиќ кај Куманово и Ѓорѓи Орешков каj Вардар Неготино.