ИСТОРИЈА за Неагу – стана најдобар стрелец на ЕП и во машка и во женска конкуренција!

Романската репрезентативка Кристина Неагу на натпреварот против Црна Гора, влезе во историјата на европските шампионат.

Левиот бек на Романија стана најдобар стрелец на вечната листа на стрелци на континенталните собири и во машка и во женска конкуренција.

Таа досега има постигнато 296 погодоци, а многу веројатно е дека денеска по дуелот против Германија ќе ја надмине и бројката од 300 гола.

Зад себе ги остави легендите Гудјон Валур Сигурдсон кој има 288 гола, потоа Никола Карабатиќ со 279, Микел Хансен, Јованка Радичевиќ, Агнес Фаркаш…