Има забрана за ракомет, но не и за хокеј – Камила Херем се проба и во зимски спортови (ФОТО)

Властите во Норвешка кон крајот на месец февруари ги прекинаа сите спортски настани од затворен тип на неодредено време.

Сепак поранешната ракометарка на Вардар, Камила Херем, и нејзините колешки од клубот Сола, ракометните ги заменија со хокеарски тренинзи.

Норвешка се подготвуваше за настап на квалификациите за Олимписки игри, а таму ќе се соочи со Црна Гора и Романија.

Селекторот Торир Хергеирсон ќе има големи проблеми поради тоа што дел од норвешките репрезентативки немаат одиграно ниту еден меч по Европското првенство, а сето тоа поради строгите ковид протоколи во скандинавската земја.