Имаа обезбедено место во Европа, федерацијата ги казни поради неисплатени плати – и ќе играат само дома!

Ракометната федерација на Унгарија ја потврди претходно најавената одлука за казна на тимот на Шиофок и одземање на четири поени.

Ракометарката од Шпанија, Нереа Пена и Холанѓанката Лаура ван дер Хејден во ноември минатата година го напуштија клубот, а сега се одлучиле парите да ги бараат преку федерацијата.

Клубот не успеа да ги исплати платите во предвидениот рок од две недели, па федерацијата го казни со одземање на четири поени.

Со минусирањето Шиофок испадна од водечката петка и ќе остане без место во европските купови за следната сезона. Иако играат на Ф4 во Лигата на Европа оваа сезона, следната ќе мора да се задоволат само со играње во домашните конкуренции.

Ференцварош ќе игра во Лигата на шампионите, додека Ѓер ќе има право да побара вајлд-карта за истото натпреварување. Во Лигата на Европа ќе играат МТК, Мошонмаѓаровар, Вац и Дебрецен.