ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Натпреварите од 5. коло од Супер машката лига се развлекоа и се играа повеќе од една недела поради тоа што екипите на Бутел Скопје и Пелистер имаа натпревари од Европските купови.

Сепак, со дуелот Пелистер-Пролет кој на крајот донесе и интересен резултат беше комплетирано колото така што веќе се имаат сите резултати од оваа рунда во домашниот шампионат. Овој двобој заврши нерешено после многу интересен тек.

Победи, пак, забележаа тимовите на Металург и Охрид на гостински терен, како и Бутел Скопје и Радовиш на свој терен, па дојде до мели поместувања на табелата.

Традицијата продолжува и екипата на 24 Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во првиот дел од сезоната. Ние ги подготвивме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на сезоната. Ќе можете да гласате до сабота во 12 часот.

Својот глас за ракометарот за кој сметате дека бил најдобар можете да го дадете во продолжение (Доколку анкетата не ви се појави веднаш почекајте неколку секунди за да биде вчитана).

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 5. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ГОЛМАН: БОБАН РИСТЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Иако имаше просечен старт на средбата во продолжението голманот на Пелистер, Бобан Ристевски имаше добро издание. Собра 17 одбрани, а го одбрани и последниот удар кога Џонов од 10 метри биеше за победа.

ЛЕВО КРИЛО: МИРКО МАЈИЌ (БУТЕЛ СКОПЈЕ)

Тој е еден од играчите на Бутел Скопје кои се во најдобра форма во моментов. Против Струга погоди дури деветпати, а потоа и против ЗТР Запорожје исто така ја потврди истата форма и беше најефикасен и на тој дуел.

ЛЕВ БЕК: СТЕФАН ТАЛЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Голот за реми беше негово дело. Талевски одигра одлична средба и реализираше десетпати со што стигна до одлични бројки на овој дуел. Тој го постигна последниот гол на средбата за конечни 23:23.

СРЕДЕН БЕК: ИВИЦА ИЛИЕВ (РАДОВИШ)

Кога тој ќе се разигра на екипата на Радовиш и е лесно да дојде до бодови. Овој пат постигна 19 гола и беше лидер во победата над Металург 2 во меч во кој имаше дури 83 гола (49:34).

ДЕСЕН БЕК: ДЕНИС ТОТ (ОХРИД)

Полека почнува да го оправдува својот ангажман. Постигна четири гола со кои беше меѓу поефикасните во победата над Вардар јуниор, а ова е веќе втора или трета средба како ја крева својата форма.

ДЕСНО КРИЛО: РЕВАЗ ЧАНТУРИЈА (МЕТАЛУРГ)

Одигра на свое препознатливо ниво. Со седум гола беше најефикасен на дуелот против Работнички, а во текот на 45 минути колку што беше на теренот покажа дека е во добра форма.

ПИВОТ: ЛУКА ВУЈОВИЌ (МЕТАЛУРГ)

Одигра во второто полувреме и покажа дека може многу повеќе во играта на Металург. Вујовиќ одработи одличен натпревар така што во вториот дел најави дека може да се очекува уште повеќе од него.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА              32:18 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 9, Миланов 5, Мојсоски 3 – Новаковиќ 5, Маркоски 2, Кузманоски 2.

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ       27:43 (ИЗВЕШТАЈ)

Палевски 10, Сулима 4, Илиевски 4 – Чантурија 7, Кбилашвили 6, Вујовиќ 5

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД         23:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Кукуловски 7, Крстевски 5, Атанасовски 3 – Манасков 8, Блажески 8, Тот 4

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2           49:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Илиев 19, Николов 6, Везенковски 6, – Николовски 8, Савковиќ 6, Ефтимов 5

ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 62           23:23 (ИЗВЕШТАЈ)

Петровски 10, Талевски 10, Трајковски 1 – Андоновски 8, Џонов 6, Поповски 4

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

ЧЕТВРТОК, 10 ОКТОМВРИ

19:00ч

МЕТАЛУРГ – СТРУГА

САБОТА, 12 ОКТОМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР

19:00ч

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ

СРЕДА, 16 ОКТОМВРИ

16:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

19:00ч

ГРК ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ

ТАБЕЛА: 1. Металург 13 бода (173:125); 2. Охрид 12 (135:110); 3. Бутел Скопје 12 (143:122); 3. Пролет 11 (141:136); 5. Радовиш 9 (163:147); 6. Пелистер 5 (117:123); 7. Работнички 4 (147:171); 8. Вардар јуниор 3 (118:155); 9. Струга 1 (117:136); 10. Металург II 1 (152:181).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 5)

58 – Ивица Илиев (Радовиш)

54 – Давор Палевски (Работнички)

39 – Иван Џонов (Пролет 62)

33 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)

31 – Филип Николов (Радовиш)