Игор Трајковски си замина од финскиот СИФ

Кружниот напаѓач Игор Трајковски, по завршувањето на натпреварите од финскиот шампионат го заврши и својот престој во тимот на Сјундеа ИФ.

Битолчанецот, кој во Финска одигра две сезони имаше одлични настапи и беше меѓу најдобрите поединци во СИФ.

Поранешниот ракометар на Пелистер и Еурофарм Работник, освен за битолските тимови, во Македонија настапуваше и за Струга.

Трајковски веќе е цел на неколку суперлигашки екипи од Македонија, продолжување на кариерата во странство исто така не е исклучено, па наскоро останува да видиме која ќе биде неговата средина.