Иван Марковски не е повеќе тренер на Самбр Авенуа

Македонскиот стратег Иван Марковски, во новата сезона нема да биде тренер на францускиот второлигаш Ле Самбр Авенуа.

Некогашниот репрезентативец кој тренерската работа ја започна во ХЈС Работник и го внесе тимот во Суперлигата, го имаше првиот меѓународен предизвик и работеше три години во францускиот тим.

Одлуката за разделбата со Марковски, кој го одведе Самбр Авенуа еден ранг погоре, клубот ја објави на социјалните мрежи.