Зорица Десподовска во изборот за играч на колото во Полска

Зорица Десподовска игра во одлична форма во првенството во Полска во тимот на Кобержице, а на последниот натпревар против Лублин беше најдобра во својот тим и заслужено се најде во изборот за играч на колото.

Десподовска против Лублин постигна пет голови, посебно се истакна во првиот дел кога постигна четири. По ваквиот настап Полската Суперлига ја смести помеѓу трите ракометарки за кои може да се гласа за најдобра во колото.

Гласањето е отворено до утре (05.05) во 14:00 часот. Својот глас можете да го дадете со реакција на објавената фотографија.

Десподовска ги воодушеви Полјаците – упати проектил кон голот на Лублин (ВИДЕО)