„Зборнаја“ на СП како „Ракометна Федерација на Русија“

После санкциите за рускиот спорт од Арбитражниот суд (CAS), беа донесени неколку критериуми за настап на машката репрезентација на Русија на престојното СП во Египет.

Овие критериуми се слични од 2016 година, кога сите спортисти на Русија на ОИ во Бразил, настапуваа како „неутрални“.

Русија нема да настапи со своето име, туку ќе настапи како „тим на руската ракометна федерација“, или скратено РХФ. Државните симболи – знамето и грбот на дресот мора да бидат заменети со логото на руската ракометна федерација и без текст.

За химната сега за сега не е пронајдено решение, а додека не се најде решението пред почетокот на првенството, репрезентативците на Русија ќе ја имаат химната на ИХФ како своја. Терминот Русија треба да се избегнува од употреба во екипата и секој контекст за време на СП.

Русија за СП во Египет местото го обезбеди преку вајлд карта од ИХФ. Репрезентативците на Русија ќе бидат во групата Х, а нивни противици се: Словенија, Белорусија и Јужна Кореја.