За реизбор на Хасан Мустафа ќе се гласа онлајн

Претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа очекува нов мандат, а тоа требаше да се случи конкресот кој беше предвиден да се одржи од 5 до 8 ноември во Анталија.

Сепак, поради ситуацијата со коронавирусот во Турција, која нагло се влоши дојде до измена на планот. Според новите информации сега се најавува одржување на овој Конгрес по пат на видео врска на 5 и 6 ноември.

ИХФ ќе треба да одржи состаноци со претстацници на сите шест конфедерации за начинот на кој ќе функционира видеоврската. Ден подоцна ќе биде одржан и самиот Конгрес.

Како дел од настаните на овој Конгрес е и гласањето за реизбор на Мустафа со оглед на тоа што тој е единствениот кандидат за позицијата претседател на ИХФ.