За првпат во историјата Србија доби странски селектор – и тоа Шпанец, но не е Дејвис!

Како што најавивме пред околу еден месец, нов селектор на машката сениорска репрезентација на Србија ќе биде Шпанецот Тони Херона.

Тоа ќе биде првпат во историјата на северниот сосед да биде водена од селектор странец, иако Швеѓанецот Љубомир Врањеш беше на клупата на Србија, но тој има српско потекло.

Иако по оставката на Ненад Перуничиќ, се споменуваше името на Давид Дејвис како негов наследник, но Веспрем не го пушти тренерот да биде на две функции.

Деновиве беа договорени и последните детали со Херона, па се очекува сега и официјално да биде промовиран од РСС како нов селектор.

Херона ја започна кариерата во младинските категории на Барселона, а потоа беше помошник и во првиот, плус работеше и како предводник на вториот тим.

Потоа беше дел од катаскиот Ел Џаиш, пред да ја преземе селекцијата на Тунис. Во моментов работи во францускиот Шарт, а прв предизвик со Србија ќе му бидат квалификациите за Европското првенство во 2022 година.