Веспрем не го „пушта“ Дејвис, друг Шпанец е кандидат за селектор на Србија!

Машката репрезентација на Србија беше полуфиналист на Европското првенство во 2012 година, но оттогаш па наваму никој не може да го запре вртоглавиот пад. На СП 2019 година, Србија беше 18 место, додека на ЕП 2020 беше 20 место.

По континенталниот собир селекторот Ненад Перуничиќ си поднесе оставка, а најголеми шанси за негови заменици имаа(т) двајца шпански стручњаци. Иако Давид Дејвис беше „веќе виден“ како нов селектор, ново име влегува во конкуренција.

Станува збор за Тони Херона, кој сега има најголеми шанси да седне на клупата на „орлите“, ако им се верува на српските медиуми. Со него во пакет би требало да дојде и легендарниот голман Зоран Ѓорѓиќ како помошник.

Дејвис не доби дозвола од Веспрем, но останува уште еден конкурент кој е Шпанец – Антонио Карлос Ортега, кој го води бундеслигашот Хановер. Преговорите на Српскиот Ракометен Сојуз со Херона се во тек, а се по завршувањето на пандемијата со коронавирусот, веројатно ќе има и официјална негова промоција, доколку се биде како што треба.

Херона во моментов е тренер на францускиот Шарт, а до јануари беше селектор на Тунис, со кој не успеа да дојде до титулата на Африканскиот Куп на нации, бидејќи загуби од Египет предводен од Роберто Парондо.