За неколку месеци остави огромен впечаток: Манасков во трка за најдобро лево крило на Вецлар

Ракометарот на Веспрем, Дејан Манасков одигра само неколку месеци во дресот на Вецлар во Бундес лигата во 2015 година, но тоа не е пречка да се најде во кругот на ракометарите меѓу кои се бира најдоброто лево крило на сите времиња.

Тој дојде во овој клуб после шест сезони минати во Металург, а откако одигра една полусезона се врати во Македонија и во сезоната 2015/16 го носеше дресот на Вардар. Потоа следната сезона играше за Рајн Некар, а во 2017 година се пресели во Веспрем.

Манасков е во трка за најдобро лево крило на Вецлар во силно друштво, а во конкуренција се и Максимилијан Холст, Михаел Алендорф, Арвидас Кеставиц, Андреас Климпке и Кевин Шмит.

За Манасков можете да гласате на Фејсбук профилот на Вецлар.