Заслужено: Домагој Дувњак е МВП на сезоната во Бундес лигата! (ФОТО)

Ракометарот на Кил и на хрватската репрезентација, Домагој Дувњак, е прогласен за МВП на сезоната во Бундес лигата.

Средниот бек вторпат во кариерата го добива ова престижно признание, откако беше прогласен за МВП и во 2013 година.

Во селекцијата на номинираните учествуваа тренерите и спортските директори на сите 18 клубови од Бундес лигата, а потоа за завршното гласање останаа само четворица играчи, за кои гласаа повеќе од 10.000 фанови.

Второто место на листата е за Мортен Олсен од Хановер, трет во изборот беше Никлас Ландин од Кил, додека четвртото место го освои Хендрик Пекелер.