Закажаа ждрепка за СП, а не се комплетирани сите учесници!

Иако последните квалификациски турнири се закажани за крајот на октомври, Светската ракометна федерација ја закажа ждрепката за Мундијалот во Египет.

ИХФ во координација со Организацискиот Комитет и локалните власти, го одреди 5 септември како датум за ждрепка на групите за Светското првенство.

Ова треба да биде прво СП со 32 учесници, од кои 30 досега се познати. Двата последни би требало да дојдат од Северна Америка и Кариби, како и од квалификацискиот турнир во Јужна Америка.

За првиот турнир се уште не е познат терминот кога треба да се игра, а вториот е закажан од 19 до 25 октомври во Ел Салвадор. Доколку овој турнир биде одложен ИХФ би требало да го додели местото на најдобрата европска селекција која нема обезбедено место на СП, а тоа е Македонија, но светската куќа на ракометот многу пати докажала не се води по правилата кои сама ги одредува.

За потсетување, вајлд-карти за настап на СП добија Русија и Полска.

Учесници на Светско првенство во Египет 2021 година (30/32):

🇪🇬 Египет
Русија
Полска
🇩🇰 Данска

🇪🇸 Шпанија
🇭🇷 Хрватска
🇳🇴 Норвешка
🇩🇿 Алжир
🇦🇴 Ангола
🇨🇻 Капе Верде
🇨🇩 Конго
🇲🇦 Мароко
🇹🇳 Тунис
🇧🇭 Бахреин
🇯🇵 Јапонија
🇶🇦 Катар
🇰🇷 Јужна Кореја
🇦🇷 Аргентина
🇧🇷 Бразил
🇺🇾 Уругвај
🇦🇹 Австрија
🇧🇾 Белорусија
🇨🇿 Чешка
🇫🇷 Франција
🇩🇪 Германија
🇭🇺 Унгарија
🇮🇸 Исланд
🇵🇹 Португалија
🇸🇮 Словенија
🇸🇪 Шведска