Загуби од Македонија, па го продолжи договорот со данската федерација до 2025 година!

Селекторот на машката репрезентација на Данска, Николај Јакобсен, и во следните четири години ќе остане на клупата на светскиот првак.

Јакобсен имаше актуелен договор до 2024 година, односно до ОИ во Париз, но сега тој беше продолжен за уште една до 2025 година и ќе ја води Данска и на СП што се игра токму во Данска, Норвешка и Хрватска.

Претходно го чекаат обврски на Олимписките игри, па следува ЕП во Унгарија и Словачка, па СП во Полска и Шведска…

Данска предводена од Јакобсен загуби од Македонија во квалификациите за ЕП, а потоа тој отсуствуваше од националниот тим поради операција на коленото. Се врати на клупата за дуелот со Финска.