Загреб реши уште една сезона, го совлада Нексе во Нашице

Двете екипи кои редовно ја претставуваат Хрватска во СЕХА лигата, Загреб и Нексе денеска одиграа натпревар од плеј-офот во Нашице, а гостите си заминаа со убедлив триумф од 33:23.

Оваа победа на Загреб е повеќе од доволна да може уште сега тимот на Загреб да биде најавен како старо-нов шампион со оглед на тоа што веќе е сосема јасно дека после овој резултат мисијата  на Нексе е речиси невозможна.

Високата победа ќе биде и повеќе од доволна за Загреб одново да биде шампион бидејќи веќе се обезбедени шест победи, а против Нексе следниот натпревар го има на домашен терен.

Оттаму до крајот на сезоната ќе треба само формално да се одработи задачата и да се освои нова круна.

Инаку, денеска Алекс Влах беше ракометарот кој ги предводеше стрелците откако постигна седум гола. Дури шест ги постигна во завршницата. Влах реализираше шест од последните осум погодоци на Загреб. Во Нашице по шест гола имаа Кевиќ, Родин и Јагањац.