Заврши турнирот „Илинден“ – почестите за Вардар

Во текот  на вчерашниот ден заврши тридневниот турнир во населба Илинден. Настапија 14 екипи во машка и женска конкуренција, а по одиграните натпревари, шампиони станаа Вардар Јуниор во машка и Вардар во женска конкуренција.

Финалето кај момците, го гледаа околу 800 гледачи во преполната сала во населба Илинден.

генерација 2002/2003 (м):

1 место Вардар Јуниор
2 место Алушовски
3 место Аеродром

најдобар голман – Матеј Ивановски (Алушовски)
најдобар стрелец – Дејан Југовски (Еурофарм Пелистер)
МВП – Давид Савревски (Вардар Јуниор)

генерација 2005/2005 (ж):

1 место Вардар
2 место Металург
3 место Аеродром

најдобар голман – Мила Васева (Металург)
најдобар стрелец – Анастасија Величковска (Илинден)
МВП – Бојана Коцева (Вардар)