Житников си оди од ПИК Сегед, повторно ќе игра за Висла Плоцк?

Плејмејкерот на унгарскиот ПИК Сегед, Дмитриј Житников, на лето ќе си замине од тимот предводен од Хуан Карлос Пастор.

Како што пишува порталот „Брз Центар“, рускиот репрезентативец би требало да се врати во полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Житников беше дел од овој тим од 2015 до 2017 година, од каде што замина во Унгарија. Во полскиот тим, тој треба да го замени Шпанецот Алваро Руис, кој пак се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Бенидорм.

Од следната сезона во Висла ќе игра уште еден руски репрезентативец Сергеј Марк Косоротов.