Жил го објави списокот за ЕП – Франција без Н’Гесан ќе ги започне подготовките

Репрезентациите полека започнуваат со подготовките на Еворпското првенство кое ќе се игра во јануари. Селекторот на Франција, Гијом Жил го објави списокот на ракометари со кои ќе ги започне подготовките.

Жил избра 20 ракометари со кои ќе ја започне мисијата ЕП 2022 и со кои ќе се обиде да го поправи впечатокот од претходното првенство кога Франција беше елиминирана уште во групната фаза.

Во составот нема поголеми изненадувања, Жерар ќе го предводи голманското трио, тука се браќата Карабатиќ, Мем, Фабрегас.

Единствен хендикеп за тренерот Жил е што Н’Гесан е повреден и не може да ги започне подготвките од првиот ден. Собирот е закажан за 26 декември.