Ждрепката за Мундијалот ќе се одржи кај пирамидите во Гиза

На официјалната страна на Светското првенство 2021 беше објавена локацијата каде што ќе се одржи ждрепката за главниот турнир. 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи, ќе је очекуваат ждрепката на 5 септември пред познатите пирамиди во Гиза.

Светското првенство, 27. по ред ќе се одржи во јануари од 13 до 31 во Египет, а до сега се познати 30 учесници од вкупно 32.

Овој Мундијал е прв на кој ќе учествуваат 32 репрезентации и ќе се игра во нов формат. Најдобрите три екипи од секоја група ќе се квалификуваат за главната рунда. Од новоформираните четири групи првопласираните две репрезентации ќе обезбедат пласман во нокаут фазата, односно четвртфиналето.

Иако беше во конкуренција репрезентацијата на Македонија не доби вајлд-карта за настап на Мундијалот, но сè уште има шанси за настап откако беше откажано Првенството на Северна Америка и Кариби, а не е познато дали ќе се одржи и квалификацискиот турнир во Јужна Америка.