ЕХФ шампионат: Познати се сите патници во полуфиналето

Денес на ЕХФ шампионатот за кадети во Израел се одигра последното, 3. коло од групната фаза. По комплетирањето на колото, познато е кои репрезентации обезбедија пласман во полуфиналето.

Од групата А, Чешка ја освои првата позиција, додека репрезентацијата на нашиот јужен сосед заврши на второто место. Чешка и Грција патуваат во полуфиналето, а репрезентацијата на Холандија, со двата порази во првата група, ќе разигрува за пласман од 5 до 8 место.

Репрезентациите на Израел и Литванија обезбедија пласман меѓу 4-те најдобри на ЕХФ шампионатот, откако завршија на првото, односно второто место во групата Б. Од оваа група, Грузија и Бугарија ќе разигруваат за пласман од 5 до 7 место со репрезентацијата на Холандија.

Сите репрезентации на ЕХФ шампионатот во Летонија и Романија имаа слободен ден.

ЕХФ шампионат Израел, 3 коло:

Група А:

Холандија – Чешка 19:39 (8:16)
Грција слоб.

Група Б

Бугарија – Грузија 23:33 (10:17)
Израел – Литванија 41:29 (23:8)