ЕХФ шампионат младинци: Швајцарија со лекција за Романија, Украина без мака со Косово

Денеска на ЕХФ шампионатот за младинци што се одржува во градот Варна, во источниот сосед на Македонија, беа одиграни четири меча.

Во групата Б, каде што игра и Македонија, Швајцарија прослави убедлива победа над Романија со 33-27, а уште на полувремето имаше предност од четири гола, 17-13.

Во вториот дуел од групата на Македонија, според очекувањата Украина не виде мака против селекцијата на Косово и прослави триумф со 36-22.

Во групата А, јужниот сосед на Македонија победи против Литванија со 35-28, додека Луксембург беше подобар од Велика Британија со 27-21.

ЕХФ шампионат, младинци, 3 коло:

група А
Литванија – Грција 28-35
Луксембург – Велика Британија 27-21

група Б
Швајцарија – Романија 33-27
Украина – Косово 36-22