ЕХФ шампионат младинци: Романија без мака со Косово, победнички старт за Израел

Денеска стартуваше вториот ЕХФ шампионат за младинци во градот Варна во источниот сосед.

Покрај мечот на Македонија и Украина, во нашата група се одигра и дуелот меѓу Романија и Косово, кој што заврши со убедлив триумф на Романците, 39-26.

Во групата А, фаворитите забележаа исто така очекувани победи. Израел и јужниот сосед славеа против Луксембург и Велика Британија.

Слободни во првото коло беа Швајцарија и Литванија.

Македонската репрезентација утре од 18:00 часот ја очекува натпревар против селекцијата на Косово.

ЕХФ шампионат, младинци, резултати 1 коло:

група А
Израел – Луксебург 32-26
Грција – Велика Британија 37-26

група Б
Македонија – Украина 23-23
Романија – Косово 39-26