ЕХФ и го одзема ЕП 2026 на Русија и бара нов домаќин!

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација донесе одлука за домаќинството на ЕП 2026 година во женска конкуренција.

Организацијата што и беше доделена на Русија во ноември 2021, и беше одземена поради актуелната ситуација во тој регион.

Сега европската куќа на ракометот бара нов домаќин на континенталниот собир во 2026 година, каде ќе играат 24 селекции.

Руските љубители на ракометот ќе останат ускратени за можноста да ги гледаат најдобрите ракометарки во Европа и ќе мора да почекаат друга прилика.

ЕП 2024 година ќе се одржи во Унгарија, Австрија и Швајцарија, додека организацијата на ЕП 2028 им беше доделена на Данска, Шведска и Норвешка.