ЕХФ ги одложи завршните турнири во ЛШ – ќе се играат на лето!

Европската ракометна федерација денеска објави дека одложени се сите завршни турнири во ЕХФ Купот и во Лигата на шампионите.

Ф4 во машкиот ЕХФ куп требаше да се одржи на 23и 24 мај, а сега е поместен за 29 и 30 август, додека завршницата во женската Лига на шампионите ќе биде одложена за5 и 6 септември, а локацијата останува иста – Будимпешта.

Завршниот турнир во машката Лига на шампиони, нема да се одигра во Келн на 30 и 31 мај, туку на 22 и 23 август.