Еурофарм Пелистер со предност на одмор, има плус еден против Спортинг

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаат водство од 14:13 после првото полувреме откако Мартин Велковски погоди во последниот напад така то на тој начин се обезбеди предност која може да значи во продолжението.

Од почетокот на натпреварот екипата на Еурофарм Пелистер тргна решително за да дојде до предност уште во отворањетона средбата. Брзо беше обезбедена позитива од три гола за 5:2 откако голманот Секељ заблеска на голот. Ова се случи во 6. минута, а потоа како да застанаа сите акции.

Дури 11 минути се чекаше за следниот погодок. Од 5:2 се дојде до 5:8 откако противникот успеа да казни неколку грешки и да искористи простор за да дојде од негатива од три гола до плус од три погодоци. Со тоа во 17. минута резултатот беше во корист на гостите, а Мараш беше ракометарот кој го прекина постот.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да се доближат на гол негатива, но не можеа повеќе бидејќи редовно остануваше гол или два. Oд играта можеше да се види дека малку е потребно за да се свртат работите на теренот, а тоа се случуваше полека. Сепак, во 28 минута за 20 секунди беа постигнати два гола и дојде до 13:13.

Во последните две минути предолго се комбинираше, а после интервенции и на Скок и на Секељ, Велковски беше снаодлив во контрата и погоди за 14:13 на одмор. Еурофарм Пелистер успеа да го врати водството и со позитива да одмора.

На крајот од првиот дел на средбата по три гола имаат Периќ и Мандалиниќ, два гола има Велковски, а по еднаш прецизни беа Мараш, Ојлески, Божиќ-Павлетиќ, Граџан, Обрадовиќ и Табоада. Во Спортинг прв стрелец е Салвадор со четири гола.