Еурофарм Пелистер со една нога веќе е финалист во Купот

Веќе по 30 минути играње во Охрид, ракометарите на Еурофарм Пелистер се на чекор до пласман во финалето откако водат со 17-10 против Пролет во полуфиналето на Купот на Македонија.

Разликата во квалитет е очигледна, и зависи само колку битолчани ќе „запнат“ до крајот. Пролет и со самиот настап на Ф4 турнирот го исполни планот, и се ова е само искуство за младите ракометари.

Неизвесно беше само околу средината на првото полувреме кога Пролет намали на 7-5 што беше единствениот период во кој скопскиот тим се „закани“ на фаворитот. Потоа следуваше тајмаут на Еурофарм Пелистер по што битолчани направија серија од 5-0 со што поведоа со 12-5.

Веќе беше јасно дека битолчани ќе играа во сабота во финалето, и им останува само рутински д аги одработат вторите 30 минути.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ реши да игра со „македонски состав“ и само со пивотменот Денис Васиљев. На сите други позиции беа домашни ракометари кои одлично си ја завршија домашната задача. Единствената измена беше Милорад Кукоски во одбрана на местото на Марио Танкоски.

На полувреме Еурофарм Пелистер ја имаше највисоката предност на мечот дотогаш. По пет гола постигнаа Цветан Кузмановски и Ненад Костески, а три даде Павле Атанасиевсиќ.
Кај Пролет најпрецизен беше Александар Василевски со 4 гола.